Уште една мистерија која го изненади светот и научниците имаат потешкотии да ја објаснат. Успеала некои луѓе да доведе до работ на лудило, а нема објаснение, ни лек, ни третман за овој проблем. Што може да е причината за ова? Некаква епидемија? Не сосема.
Бучавата
Луѓе од целиот свет (главно од селските области) известиле дека од време на време слушаат нискофреквентна еднолична бучава која ноќе станува погласна. Јавувањата за вакви случаи во градски средини се поретки, што веројатно се должи на градската бучава.
Бонди, Австралија
Само околу два посто од луѓето го слушаат овој звук. Повеќето се на возраст од 55 до 70 години.
Таос, Њу Мексико
Некои постојано ја слушаат бучавата, а други повремено, со променлив интензитет.
Бристол, Англија
Постраданите се жалат на главоболки, вртење, крварење од носот и немирен сон. Според BBC, барем едно самоубиство е последица на овој проблем.
Виндзор, Канада
Стручните лица претпоставуваат дека се работи за тинитус и нарушување на сетилото за слух. Тинитус е проблем кој е предизвикан во внатрешноста на организмот, без надворешни дразби, но сепак прашањето зошто проблемот се јавува само на определени географски локации останува без одговор.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.