1. Левичарка или десничарка?
Првото нешто на што треба да се обрне внимание е распореденоста на предметите на масата. Како што гледате и пенкалото и пепелникот и лименката Кока Кола се на левата страна. Значи девојката е левичар. Но, пиштолот го држи со десната рака, што предизвикува сомнеж.
2. Писмото на масата
Пенкалото од левата страна на хартијата ни говори дека писмото го пишувала жртвата, иако нема податоци за тоа дали се работи за проштално писмо.
Иако надвор е темно, ламбата е исклучена. Тоа е чудно, затоа што жртвата носи очила, односно има послаб вид. А можеби го пишувала писмото кога надвор уште било ден.
3. Дамката крв
Дамката крв кажува дека ако жртвата го држела пиштолот со десната рака, таа требало да биде свртена со грбот кон масата или со грбот кон ѕидот. Но, ако е така, тогаш е невозможно да падне на местото каде што е сега.
4. Знаци на борба
Отсуството на едната влечка и превртениот стол, дури и ислучената ламба од штекот укажуваат на борба. Особено силен доказ е отсуството на едната влечка.
5. Цигара во раката
Девојката во раката држи до пола испушена цигара. Кога некој се самоубива, обично ги завршува сите работи што ги почнал. Мала е веројатноста дека девојката пред да ја допуши цигарата си пукала во глава.
Ако се проанализираат сите фактори, може со голема доза на сигурност да се заклучи дека се работи за убиство.
А можеби вие мислите поинаку? Повелете на коментари!