Зоран Заев запира случаен минувач и го прашува:
– Ако ги зголемам сите цени за 100%, како ќе живееш?
– Супер, ќе можам да си дозволам одмор во Турција – одговорил минувачот
– А ако ги зголемам со 200%?
– О, тогаш ќе можам да одам и на Бахамите!
– А со 500%?
– Одлично, тогаш слободно ќе можам да живеам во Дубаи!
– Браво, бе! А што работиш? – Прашал Заев.
– Занаетчија сум, правам ковчези.