Заев отишол на бричење и берберот го прашува:
– Господине Премиер, што се случи со 500-те евра плата што ги ветуваше?
Заев молчи.
– Господине Премиер, што се случи со бројачот на Триумфалната порта кој ќе покажува колку од украдените пари се вратени во државата?
Овој пак молчи.
– Што се случи со животот во Македонија? Дојде ли?
Молчи.
Завршил берберот со бричењето. На излегување, телохранителот на Заев го грабнал берберот за гуша:
– Ти што го распрашуваш толку шефот бе!? Многу си љубопитен!
– Не сум љубопитен, туку кога шефот ќе го слушне прашањето, кожата му се ежи и полесно се бричи!

Сподели на Facebook
пати видено