Тод и Џастин Парвис се двајца браќа кои полека ослепуваат. И двајцата страдаат од ретка денегенеративна очна болест позната како Хороидеремиа. Болеста се јавува во деството, но вообичаено доведува до конечно слепило кога личноста ќе стане возрасна.
Во 2010 решиле дека сакаат да ја видат Америка пред целосно да го загубат видот. Иако живеат во различни краишта на земјата, се ставиле заедно за ова нивно епско патешествие, во текот на кое поминале 21 000 километри низ САД…
И го документирале сето тоа.
Четириесет и тригодишниот Тод (од лево) и триесет и осумгодишниот Џастин (од десно). На Тод му останале 50 проценти од неговиот вид, а на Џастин само 15 проценти.
Тргнале на пат да ги видат глетките низ Америка пред да ослепат.
Целта на патот била да ги откријат најсликовитите места на нивната земја.
Тод ужива во Невадската пустина.
Двајца браќа цело време се возеле во Форд Ескејп возен од Тод, бидејќи Џастин е прогласен за неспособен за возење.
Дружење со змии.
Кое крос кантри патување би било целосно без мала филмска екипа да го документира патот? Тие го снимале патувањето од што бил направен документарен филм.
Документарниот бил објавен минатата година и освоил бројни награди. Може да се изнајми или купи на Вимео.
Сега кога нивното американско патешествие е завршено, Тод и Џастин би сакале да видат што повеќе од светот.
„Сакам сѐ да видам – не само пејсажи, сакам да ги видам и музеите и галериите. Не само Америка – сакаме да го видиме светот,“ кажал Тод.
Џастин ужива во дегустирањето на вино за време на патувањето.
Хороидеремиа, болеста од која страдаат Тод и Џастин, погодува 1 од секои 50.000 луѓе. Најчесто се јавува кај машката популација.
„Ако навистина целосно го загубам видот,“ кажал Тод, „најмногу ќе ми недостигаат зајдисонцата.“
На крајот на филмот се открива дека видот на браќата е многу полош отколку што тие мислеле на почетокот. Кога го почнале филмот, мислеле дека и двајцата имаат зачувано половина од нивниот вид, но тоа не било така.
Еве два трејлери за филмот „Возејќи слеп“ (Driving Blind).
Навистина неверојатно патешествие, дури и ако на крајот било малку опасно. Повеќе за Тод, Џастин и нивниот документарец можете да дознаете на сајтот посветен на документарниот филм.