Потресите не се карактеристични само за Земјата, туку како што тврдат научниците, целата галаксија претрпува сеизмични бранови. Се покажало дека огромните бранувања на гас на рабовите на галаксијата се „галактички потреси“ предизвикани од блиска средба со галаксија џуџе полна со темна материја. Се смета дека галаксијата џуџе минала во близина на нашата галаксија пред неколку стотици милиони години, создавајќи галактички сеизмични бранови во гасот.

гс02

Д-р Сукања Чакрабарти, астроном при Институтот за технологија во Рочестер, која го предводи истражувањето, изјавила: „Тоа наликува како кога ќе фрлите камен во езерце и ќе предизвика бранување. Се разбира, не зборуваме за езерце, туку за нашата галаксија, чијшто дијаметар изнесува десетици илјади светлосни години, и е составена од ѕвезди и гас, но резултатот е ист – бранови.“

Гасните бранувања во крајните региони на галаксијата биле забележаи пред една деценија и оттогаш претставуваат загатка за астрономите. Д-р Чакрабарти и нејзиниот тим веруваат дека ја решиле мистеријата откако проучиле три пулсирачки ѕвезди наречени Цефеиди. Се смета дека овие ѕвезди, кои што се видливи во соѕвездието Норма, се дел од мала галаксија на 300.000 светлосни години од нашата галаксија.

гс03

Претставувајќи ги нивните откритија на годишниот состанок на американското астрономско здружение во Кисими, Флорида, д-р Чаркабарти изјави дека нејзиниот тим успеал да ја пресмета брзината со која овие ѕвезди се оддалечуваат од Млечниот Пат. Употребувајќи податоци од опсерваторијата Близнаци и телескопот Магелан, тие откриле дека сите тие се оддалечуваат со слична брзина од 724.200 километри на час.

„Тоа имплицира дека овие ѕвезди се дел од организиран систем кој се движи брзо, за кој ние веруваме дека галаксија-џуџе“, вели таа. Брзината успеале да ја измерат благодарение на пулсирачката светлина којашто ја произведуваат овие ѕвезди. Д-р Чакрабарти смета дека би можело да има многу други џуџести галаксии во близина на нашата галаксија, коишто создаваат галактички потреси.

„Со капацитетот на денешните телескопи и инструменти, би можеле да направиме значителни проценки за содржината на темната материја – една од најголемите астрономски на денешницата“, вели таа. Научниците велат дека истражувањето сега е дел од ново поле во астрономијата коешто се нарекува галактосеизмологија.

Сподели на Facebook
пати видено