Едно априлско утро во 1963 година, околу пет илјади гледачи се собраа на брегот на Пугет Саунд, во близина на Такома Нароус во Вашингтон, за да гледаат еден необичен настан, Светското првенство во борба со октоподи.
Правилата биле едноставни: Тимови од три нуркачи ќе се спуштаат во водите на длабочина од 10 до 15 метри и ќе се потрудат да зграбат октоподот и да го повлечат на површината. Оној кој ќе го извади најголемиот октопод ќе го освои трофејот. 25 големи октоподи биле извадени од водите тој ден, а најголемиот тежел околу 30 килограми.
Овој прилично чуден спорт има свои почетоци кон крајот на 1940-тите. Во една статија под наслов „Борењето со октоподи е моето хоби“ објавена во април 1949 година во изданието на Механикс, авторот Вилмон Менард раскажува за патување во Тахити, каде што придружувал и му помагал на локален ловец во убиството на џиновски октопод кој имал краци од 25 метри. Иако нема многу сличности со овој крвав настан и спортот сепак оваа статија се смета за прв објавен текст поврзан со спортот.
Еден од првите натпревари од светскиот шампионат, кој се одржа на врнежлив ноемвриски ден во 1957 година, во Такома, привлече околу 200 луѓе. Во американската верзија на играта, имало две категории: една каде што се користи опрема за нуркање и друга каде што не се користи опрема.
Натпреварувачите добивале двојно повеќе поени ако го фатиле октоподот без опрема за нуркање. Иако животните не се многу агресивни, нуркачите морале да внимаваат на пипалата што би можеле да ги фатат нивните маски или цревото за воздух. Но сепак не било тешко да се извлечат и од оваа ситуација и овој спорт не се сметал за опасен.
Откако животните биле однесени на копно тие се мереле, а подоцна ги давале на локалниот аквариум, ги враќале во водите а понекогаш и ги јаделе. Кон крајот на 60-тите овој спорт не бил повеќе популарен, а во 1976 година, во Вашингтон се креаирал закон со кој се забранило убивање и малтретирање на октопод.