Бројноста на разни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби од 1970 година наваму се намали за цели 52 отсто, се тврди во извештајот на на Ливинг Планет за 2014 година.

„Ги користиме подароците на природата како да имаме уште една Земја на располагање. Со земањето од нашиот екосистем и природните процеси повеќе отколку што природата може да надомести, ние самите си ја загрозуваме сопствената иднина. Зачувувањето на природата и одржливиот развој одат рака под рака. Не станува збор само за зачувувањето на биодиверзитетот и дивината, туку за заштитувањето на иднината на човештвото – нашата благосостојба, економија, сигурноста на храната и социјалната стабилност – во основа, станува збор за самиот наш опстанок.

zvt

Во свет во кој толку многу луѓе живеат во сиромаштија, се чини дека заштитата на природата е луксуз. Но токму спротивно од тоа, за многу од најсиромашните луѓе ова е од животно значење. И најважно од сѐ, во ова сме сите заедно. На сите нам ни треба здрава храна, свежа вода и чист воздух – каде и да живееме во светот“, стои во извештајот.

Сподели на Facebook
пати видено