– Мила моја – единствена, слатка, совршена, нежна и добричка, стројна и убава, посакувана, сакана, ноповторлива! Душичка, верверичка, ластовица, гулабче, лебед мој! Свездо моја, сонце, цвеќенце, бистра росичке, тревичке, пролет моја. Преслатка, идеална, убавина со која ми започнува денот, умница, мечто моја, песно неиспеана, судбино моја, радост моја. Ти си мојата надеж, госпоѓа, кралица, богиња! Мелем за душата и празник за моите очи! Господарке на моето срце! Те молам – биди човек, дај ми 50 денари за пиво!