Шокантен случај на „силување од одмазда“, во кој учествувале 12 членови на две семејства, бил откриен од полицијата во провинцијата Панџаб, Пакистан. Маж бил обвинет за силување на жена, а семејството на осомничениот му се обратило на семејството на жртвата за „помилување и помирување“.

Семејството на жртвата се согласило да го помилува силувачот, под услов „нејзиниот брат ќе го изврши истиот чин со сестрата на осомничениот“. Десетина луѓе кои што присуствувале на состанокот се согласиле на овој услов, а потоа братот на жртвата имал секс со сестрата на осомничениот.

Полицаец дознал за случајот кога двете семејства изготвиле правни документи со кои се согласиле да не поднесуваат обвиненија едни против други. Потоа полицаецот ги известил своите претпоставени за случајот. Сите 12 присутни, меѓу кои и четири жени, од кои една била и жртвата од второто силување, биле уапсени во сабота.

Минатиот јули сличен ваков инцидент се случил во јужниот град Мултан кога еден селски совет наредил „силување од одмазда“ на 16-годишно девојче. Братот на девојката сексуално нападнал 12-годишно девојче, а „силувањето од одмазда“ наводно било извршено пред нејзините родители и 40 членови на селскиот совет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено