Двајца идентични близнаци од Минесота во САД се навикнати да ги слават своите родендени во ист ден. Но, сега и нивните синови ќе треба да се навикнат на тоа бидејќи за некое чудо бебињата се родија во ист ден.
Настрана од нивниот изглед и нивните родендени, Пат и Пол Јанг, имаат многу заедничко. На пример, нивните родители и нивната ДНК. Како да не беше тоа доволно, парот го дели истото занимање во полициските сили – иако во различни оддели.
Сепак кога станува збор за бебиња браќата не очекувале дека ќе станат родители по рок од 6 часа во ист ден. Браќата биле свесни дека нивните сопруги ќе се породат во ист период, но деновите за породување се разликувале за една недела. Сепак бебињата си имале други планови.
Кога Пат му се јавил на Пол да му каже дека тој и сопругата се во болницата затоа што детето е на пат, од брат му слушнал: „И ние исто така!“ Тие биле во различни болници, но врската очигледно е многу силна. Пат и неговата сопруга Ешли го добиле момченцето Џек Тод, а Пол и неговата сопруга Фелиција го дочекале нивниот син Купер Кенет, само 6 часа по Пат.
Наместо да одат дома Пат заедно со сопругата и бебето отишле во другата болница за братучедите да се запознаат. Нивната баба кога ги земала во раце изјавила дека се чувствува исто како пред 31 година кога ги добила близнаците.