Британската компанија за истражување на технологијата „Центар за иновации“ смета дека го направиле најголемиот чекор во унапредувањето на авионскиот транспорт. Сакаат да ги отстранат прозорците од патничките авиони и да ги заменат со OLED екрани на допир кои се распоредени низ целиот авион и ја прикажуваат надворешната глетка преку камери монтирани на надворешноста од авионот.
Според нив, прозорците се еден од најголемите извори на непотребна тежина во патничките авиони. Полните ѕидови се посилни и со тоа авионските ѕидови би можеле да се прават потенки. OLED екраните покрај надворешната глетка ќе им овозможуваат и други видови на забава по избор како и можност за повикување на стјуардеса.
Но, оваа технологија има и свои лоши страни; некои се загрижени од можното пореметување на светлината во кабината, а исто така панорамскиот поглед веројатно нема да им помогне многу на патниците кои се плашат од летање.