Холандскиот фотограф Алберт Дрос кампувал под ѕвездите за да ги добие овие совршени слики од вулканот Фуего во Гватемала, додека лавата излегувала од кратерот. Фотографот изјавил дека бил „парализиран од восхит“, додека гледал како облаците од пепел лебделе горе во ноќното небо. Фуего се наоѓа на 3.700 метри над поранешниот главен град на Гватемала, Антигва и еруптира повеќе пати на ден.
„Лавата е најдобро видлива во вечерните часови и поради тоа го избрав тој период,“ вели Дрос. Алберт вели дека ова е најимпресивното дело на природата кое што тој го има видено.