Страшен пожар избувнал во семејниот дом во Абердин, Вашингтон, каде што живееле шест членови на семејството од три генерации. Откако децата од вториот кат почнале да викаат „Пожар! Пожар!“ еден херој тргнал во акција.
Нивниот 20-годишен вујко Дерик Бирд првин трнал кон горниот кат, но им викнал на трите мали деца да се наредат до прозорецот и да скокнат за тој да ги фати. Така неговите внуци Јуниор и Рори скокнале од прозорецот на вториот кат и Дерик успешно ги фатил.
Неговата сестра Кајла, мајката на децата, се лизнала и паднала на земја додека се обидувала да се качи на покривот што ја исплашило најстарата внука Мерцедес и наместо да скокне се повлекла кон огнените јазици.
Дерик знаел дека не може така да го остави девојчето и решил да влезе во куќата. „Таа го кажуваше моето име. Не можев да ја оставам таму, не можев да дозволам мојата внука да загине.“, вели Дерик.
Младиот херој се пробил низ пламените јазици кои веќе биле низ целата куќа, ја издржал болката од огнот и ја пронашол неговата внука како плаче. Ја соблекол кошувала ѝ ја завиткал околу лицето и трчал од горниот кат по скалите кон влезната врата колку што можел побрзо.
Храбтото момче има изгореници од втор и трет степен на неговото лице, грб и раце, но вели дека повторно би го направил истото. Целото семејство било однесено во болница, а нивниот дом целосно изгорел во пожарот.
„Јас не можам да се наречам херој, едноставно не дозволив моите внуци да умрат. Би го направил тоа па, навистина би го направил, не ми е гајле. Би втрчал пат таму па дури и да добијам поголеми изгореници или да умрам.“, додава Дерик.