Едно попладне во јануари 1911 година полицијата добила телефонски повик од соседи кои стравувале дека нешто лошо се случило на 605 Западна авенија. Тие биле во право кога полицијата пристигнала во домот, пронашле три тела, на маж, жена и дете, кои лежат мртви во нивните кревети, а нивните черепи биле поделени на два дела. Креветот бил преплавен во крв, исто така имало и стапки со крв, а во еден ќош од собата имало и кофа со крв. Над главите на починатите стоела крвава секира.
Ова нема да биде единственото грозоморно убиство од тој период. Злосторствата ќе се поврзат со пореметената Вуду свештеничка и нејзиниот култ наречен „Црква на жртвувањето“ за која луѓето велеле дека ги убива своите жртви како дел од нивните чудни обреди. Иако сомнежот првин бил насочен кон неколку мажи, на крајот се дознава дека убиецот е жена, афро-американка по име Клементин Барнабет, која што воопшто немала врска со Вуду. Таа првин признала дека убила 17, а потоа 35 луѓе, иако е непознато колку точно луѓе убила.
Полицијата најмногу се фокусирала на Рејмонд Барнабет, локален ситен криминалец и татко на Климентин и Зеферин Барнабет. Тој бил пријавен од неговата љубовница, а неговите деца сведочеле против него на судот, велејќи дека доаѓал дома целиот во крв и дека им се заканувал и на нив. Двајцата тинејџери велеле дека се плашат од нивниот татко. Но додека Рејмонд бил во затвор се случило уште едно убиство. Тогаш полицаецот Луис ЛаКоста кој веќе се сомневал во децата на Рејмонд, решил да ги уапси.
Децата имале лоша репутација во градот и крвта од убиеното семејство Ендрус била најдена на облеката на Клементин, но таа сведочела дека тато и се избришал со таа облека. Кога полицијата го истражила домот на Барнабет пронашла еден куп крвата облека во собата на Клементин. Тогаш девојчето било уапсено а нејзиниот брат Зеферин имал алиби и бил пуштен на слобода.
Но убиствата не престанале тука, биле убиени уште три семејства, а на ѕидовите биле оставани цитати од библијата и потпис „Човековите петмина“. Тогаш луѓето повторно почнале да ги поврзуваат убиствата со „Вуду“ култ предводен од Клементин. Полицијата не успеала да ги најде останатите убијци иако Клементин им кажала за неколку луѓе. Девојката давала повеќе информации од кои поголем дел биле лажни и полицијата престанала да и верува а таа останала единствениот виновник зад „Вуду“ убиствата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.