Дигиталните крипто-валути како Биткоин биле предвидени дури пред 18 години. Во интервју од 1999 година економистот, добитник на Нобеловата награда Милтон Фридман предвидел иднина каде електронските пари ќе бидат искористени за трансакции помеѓу анонимни странки, онлајн. Познатиот економист ги образложил неговите верувања за време на интервју снимено од Фондацијата за национални даночни обврзници.
„Се сомневам дека некој плаќа даноци. Затоа јас мислам дека интернетот ќе стане една од главните сили за намалување на улогата на владата. Едно нешто што недостасува, но наскоро ќе биде развиено се доверливи Е(електронски) пари, метод со кој на интернет ќе префрлувате средства од А до Б, без А да го познава Б или Б да го познава А. Ако јас земам банкнота од 20 долари и ти ја дадам на тебе и нема запис од каде дошла и ти ја добиваш без да знаеш кој сум јас. Такво нешто ќе се развие на интернетот и ќе стане уште полесно за луѓето да го користат, секако ќе има и негативна страна ќе значи дека гангстерите, луѓето кои се вклучени во нелегални трансакции исто така ќе имаат полесен начин за одржување на нивниот бизнис.“, вели Милтон во интервјуто.
Снимките од разговорот оттогаш се појавуваа периодично на интернет и неодамна беа повторно споделени.
Биткоин беше лансиран во 2009 година од страна на лице или група луѓе кои работат под името Сатоши Накамото. Како што созрева пазарот така и вредноста на Биткоин се зголемува. Во својот врв, достигна повеќе од 7.400 долари за Биткоин.
Благодарение на неговот напредно размислување Фридман успеал да го предвиди Биткоин една деценија пред неговото создавање. Фридман беше еден од највлијателните економисти на 20 век, добивајќи Нобелова награда за економски науки во 1976 година.