Заменик-претседателот на Кралскиот колеџ за психолози, Д-р Џон Голдин, тврди дека владите треба да дадат официјални насоки и совети за родителите, со цел да се спречи користењето на мобилни телефони од страна на децата пред да тргнат во средно училиште.
Д-р Џон Голдин тврди дека родителите се принудени да ги купуваат уредите за своите мали деца, за да не се чувствуваат „исклучени“ во училиште. Тој вели: „Децата честопати им велат на своите родители: ‘Сите мои другарчиња имаат телефон, само вие не ми дозволувате да имам.’Во таа ситуација, на родителите им е потребна поддршка од национален размер. Не мислам дека можеме да донесуваме закони [да го ограничиме пристапот до 11 години], но ова упатство ќе ги поддржи родителите кога разговараат со нивните 10-годишници.“
Д-р Голдин, исто така, смета дека владите треба да препорачаат дека децата под 11 години треба да имаат ограничен пристап од два часа дневно на социјалните медиуми. Тој вели дека социјалните мрежи ги прават децата аксиозни и депресивни, а времето поминато на интернет може да ги направи ранливи на сајбер-малтретирање.
Психијатарот ги повика гигантите на социјалните медиуми, како што се Фејсбук и Твитер, да им отежнат на младите луѓе да лажат за нивната возраст и да создаваат профили пред да наполнат 13 години. Коментарите на д-р Голден доаѓаат пред објавувањето на извештајот на Кралскиот колеџ за психијатри, кој ја проценува штетата предизвикана од децата кои трошат премногу време на интернет.
Се верува дека речиси четири од десет деца на возраст меѓу осум и десет години поседуваат паметен телефон. Но, повеќе од 40 проценти од родителите веруваат дека на младите на возраст под 16 години треба да им биде забрането да поседуваат уреди, според анкетата спроведена од Кралскиот колеџ за психијатри. Од анкетираните 1.000 родители, 92 проценти сметале дека интернетот влијае на нивното дете на лош начин.
Некои се загрижени дека зависноста од паметните телефони на нивното дете влијаела врз нивниот сон, додека други сметале дека времето поминато на интернет ја намалило самодовербата на нивното дете. Предупредувањето на д-р Голдин доаѓа еден ден откако голем извештај покажал дека просечната возрасна личност гледа во мобилниот телефон на секои 12 минути.
Во јуни експерт препорача родителите да ги земаат паметните телефони на своите деца во текот на ноќта откако тој му забранил на неговиот 17-годишен син да го користи својот уред во кревет. Професорот Адам Јоинсон, од универзитетот во Бат, вели дека родителите треба да го однесат телефонот на друг спрат и да им купат на своите деца евтини часовници со аларм.
Тој вели: „Како родители имаме одговорност за грижа. Општо земено, мислам дека родителите се неспособни ако им дозволат на своите деца да ги држат телефони во нивните спални соби.“