Врховниот суд во Вашингтон им наредил на основните и средните училишта да воведат – клуб на обожаватели на Сатаната. Иако властите се бунеле против оваа бизарна одлука, правниот гласноговорник на училиштето Монт Вернон во Вашингтон Данкан Форбс тврди дека училишниот одбор е одбиен на суд и дека училиштето ќе мора да им овозможи на децата да му оддаваат почит на Сатаната. „Невозможно е да се добие било каква судска битка против Храмот на Сатаната“, вели тој, додавајќи: „училиштата се должни да основаат клуб на Сатаната за децата кои го обожуваат него.“

d

Иако ова на нормалните луѓе им звучи малку бизарно, се чини дека сатанизмот во Америка станува и предмет во училиштата и ова никој не може да го запре. А сѐ започнало во 2014 година откако американски суд пресуди во полза на сатанизмот и ги присилил сите државни училишта да го воведат сатанизмот како училишен предмет. Оваа година државата Колорадо беше првата која распространи сатанистичка литература по сите основни и средни училишта.

Ова се случува бидејќи сатанистички организации на Флорида победиле на судот со ставот дека сатанистичката религија, во која се изведуваат сомнителни ритуали, ритуални жртвувања, црни миси и поклонување на ѓаволот, е со еднаква вредност како и сите религии во светот, па така судот донесе пресуда децата да можат да се клањаат на ѓаволот, а не на Бог, и да им биде доставена детска литература за сатанизмот.

Според известувањата, сатанизмот не навлегол само во државните училишта, туку и во редовите на американските власти, како што сведочат тајните снимки пуштени во јавноста кои прикажуваат вистински магионичарски, сатанистички обред кој наводно се одвивал за време на седница на градско собрание во Флорида, во текот на кое следбениците на култот „Храмот на Сатаната“ на почетокот го повикуваат ѓаволот.

Сподели на Facebook
пати видено