zeskoeМенопаузата е пресвртна точка. Не е болест, но може да има големо влијание врз општата благосостојба на жената. Иако менопаузата може да донесе физички промени како жешки бранови, ноќно потење и други симптоми, исто така може да биде и почеток на нова и благородна фаза во животот на жената и златна можност за борба против главните здравствени ризици како срцева болест и остеопороза.

Менопаузата медицински може да се потврди само кога жената во период од 12 последователни месеци нема менструални циклуси.

 

Симптомите кои може да се јават при менопаузата се многубројни вклучувајќи ги и:

• Намалено ниво на естроген во телото доведува до вагинална сувост
• Епизоди на срцебиење (палпитации) – вториот најчест знак во перименопаузалниот период;
• Епизоди на депресија – една од пет жени во одреден период од животот ќе страда од клиничка депресија;
• Анксиозност, иритабилност, напади на паника и страв;
• Ненадејни промени во расположението (up and down);
• Болки во зглобовите, мускулите и тетивите кои не се резултат на трауматска повреда или физичка активност;
• Хроничен замор;
• Паѓање и истенчување на косата и зголемување на влакнетоста на лицето (естрогенот е неопходен за стимулирање на фоликулите на влакната);
• Чувство на подуеност – задршка на течности и подуен стомак (метеоризам и вишок на гасови);
• Нарушена концентранција, дезориентација и ментална конфузност;
• Заборавање (проблеми со меморијата);
• Вртоглавица, лесни главоболки, епизоди на нарушена рамнотежа;
• Зголемување на телесната тежина (стареење, забавен метаболизам, ниско ниво на естрогени);
• Стрес инконтиненција (подмочнување) по кашлање, кивање, смеење; и ургентна инконтиненција;
• Болки во дојките;
• Чувство на печење во устата, промени во осетот за вкус, лош здив.

Голем дел од жените кои поминуваат низ тежок период на менопауза помош наоѓаат во хормонска терапија, но на пазарот постојат и хербални лекови кои мора да се земат во предвид!

Зошто на прво место треба да ги ставите хербалните лекови?

Зато што ова се контраиндикациите при користење на хормонска терапија во менопаузата:
• Поголема веројатност за рак на града, рак на овариуми, рак на ендометриум;
• Поголема веројатност за пулмонална емболија, длабока венска тромбоза, срцев или мозочен удар;
• Вагинално крварење поради непозната причина;
• Проблеми со црниот дроб.

Што е Varuklim®и како делува?

Varuklim® хербалниот чај и таблетите се користи за ублажување на менопаузалните симптоми и разните менструални пореметувања; вршат намалување на напливите на топли и ладни бранови; го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза.

Дејството на Varuklim® се должи на присуството на изофлавоните – модулатори на нивото на естрогени хормони. Заради ваквото модулирачко дејство, изофлавоните се познати и како фитоестрогени. Кога нивото на естрогени е ниско, рецепторските места може да бидат зафатени од фитоестрогените, со што се добива т.н. проестрогенски одговор. Кога нивото на естрогени е високо, фитоестрогените се натпреваруваат со естрогенот за зафаќање на дел од рецепторските места, со што го модулираат и дејството на превисокиот ендоген естроген.

05

За повеќе информации обратете се на следниве телефони:

Канцеларија Скопје:

02 3215 800 (понеделник – петок од 8:00 – 16:00)
070 259 222, 075 259 222 (нон стоп)

Аптека Варуфарм:

02 3177 922
ул. Водњанска бр 18, Скопје

Сподели на Facebook
пати видено