Овие слики ве носат во фарма во еден мал град во Индонезија, кадешто змиите се одгледуваат поради нивната кожа, од којашто потоа се прават чанти, каиши, паричници и чевли. Во фабриката се гледаат илјадници крвјосани тела на змии насобрани на купови по подот. Секој месец се продаваат илјадници метри змијска кожа во големите фактори во провинциите Западна и Централна Јава.
Има повеќе начини на кои змиите се убиваат и дерат, но се раскажува за еден особено суров метод, при кој змијата се удира во главата со рачката на мачета за да се зашемети, потоа во устата ѝ се става црево и ѝ се сипува вода за да се подуе како балон. Потоа се остава така десеттина минути со стегната кожна врвца кај главата за да не истече водата. На крајот ѝ се отсекува главата на змијата, а олабавената кожа се лупи исто како кога вадите ракавица од раката.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!