Во овој нов 6-минутен филм, авантуристот и фотограф Рајан Дебут нѐ носи на воздушна авантура низ најголемата пештара светот, Ханг Сон Дунг, која се наоѓа во централен Виетнам. Дебут употребил дрон и неколку камери за да го долови пештерскиот систем, од којшто најголемата пештерска просторија изнесува пет километри во должина, 200 метри во височина и 150 метри широчина. И покрај огромноста, пештерата била откриена дури во 1991г. од локален жител, и дури не била ни проучена од научниците сѐ до пред пет години. Кога ќе ги забележите луѓето кои од таа перспектива изгледаат како мравки, ќе согледате колку е огромно ова чудо на природата.

cave-1

cave-2

cave-3

cave-gif

Сподели на Facebook
пати видено