Додека повеќето ученици се забавуваат со повремено излегување, дружење во кино, на концерти или со некоја најнова видео игра, една група привилегирани деца живеат сосема поинаков живот. Богатите деца кои одат на приватни училишта на Снапчат се фалат со своите богати животи во кој има брзи автомобили, купчиња банкноти од по педесет долари и луксузни викенд патувања на Блискиот Исток. Нивните фотографии и снимки на Снапчат ги пренесува и Фејсбук страницата „What private school students snapchat“ (Што објавуваат на Снапчат учениците во приватните училишта), а многу ученици во државните училишта во коментарите се прашуваат каде погрешиле…или пак можеби направиле добар потег.

Една типична објава во овие групи на социјалните медиуми подразбира фотографија со луксузен часовник и Бентли во позадината, а кон фотографијата стои коментар за возачот: „Задоцни една минута. Би требало да го отпуштам“. И ова е само една капка во морето…

bd04

Тинејџерките се фотографираат во бикини на глисери и јахти во Дубаи кадешто одат за викенд, гаражите со бесни автомобили не се никаква реткост, а еден тинејџер објавил слика со приватен хеликоптер кон која напишал: „Автомобилите се премногу мејнстрим“. Друга тинејџерка пак се фали: „Одам на Бахами, петти пат оваа година“.

bd06

На друга слика може да се види како некој свиткал банкноти од 20 долари место тоалетна хартија, а на друга фотографирал шампањско и прашува: „Знаат ли луѓето кои се возат со метро што е ова?“

Во многу свои објави овие разгалени деца на учениците кои одат во државни училишта им се потсмеваат со погрдни зборови како „селанчишта“. На пример, на една од фотографиите се гледа часовник Ролекс пред храна во Мекдоналдс и со коментар: „Си реков да пробам селска храна“.

bd08

Со оглед на тоа дека доаѓа зимата, сѐ почести се фотографиите од базени, џакузи, тропски острови и слично. Овој профил на Фејсбук го следат речиси 190 000 луѓе.

Што мислите вие, почитувани читатели, дали социјалните медиуми го направија човештвото површно како никогаш досега, или пак тоа отсекогаш било такво, а социјалните медиуми само ни го откриваат тоа што порано било малку повеќе затскриено?

bd02 bd03 bd07 bd10 bd09 bd05 bd12 bd11

Сподели на Facebook
пати видено