Еден возач од Австралија не се надевал дека ќе се вози со „непоканет автостопер“ додека се враќал дома. Тед Огиер возел во близина на Еден, на јужниот брег на Нов Јужен Велс, во средата кога видел Црна змија штитовратка, од надворешната страна на прозорецот на возачот.
Возачот рекол дека змијата од хаубата била „исфрлена на прозорецот“ и се завитката околу страничниот ретровизор, а притоа гледала директно во возачот. Тед се јавил на неговиот пријател Кај Пирс кој со метла ја симнал змијата од ретровизорот и ја пуштил на слобода во грмушките.
Мажите велат дека змијата била долга околу 2,5 метри и дека најверојатно сакала да си најде топло место за спиење. Иако Тед напишал дека постојат и полоши работи со кои можете да се сретнете на патот луѓето на социјалните мрежи му оставиле коментари од типот: „Изгори го автомобилот, не вреди.“
Црната змија со нејзиниот отров може да предизвика значителен морбидитет, но едно гризнување најчесто не е фатално и е помалку отровна од другите австралиски змии.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!