Француската забрана на буркините може да прерасне во фарса, откако полицајци вооружени со пепер спреј и палки вмаршираа на плажа и им наредија да се соблекуваат. Четворица крупни полицајци се надвиснале над средовечна жена, која тивко си се сончала на плажата Променад дез Англе – на само неколку метри од местото кадешто се случи грозоморниот напад со камион на Денот на Бастилја, и ја гледале како ја соблекува муслиманската облека која ја заштитувала нејзината скромност.
Се раскажува дека на жената и било дадена опомена поради дрес-кодот на плажата и на лице место ѝ била напишана казна. На друга млада муслиманка на плажа во Кан исто така ѝ била изречена казна поради носење марама. Тројца вооружени полицајци ѝ впериле пепер спреј во лицето на 34-годишната жена ѝ и кажале дека го прекршува новото правило кое забранува костими за капење кои го покриваат целото тело.
Жената кажала дека полицајците „расисти“ сакале да ја понижат пред нејзините деца и другите членови на семејството, иако таа не ни носела буркини. Ова е последниот од серијата меѓуверски инциденти на југот на Франција. Пред само неколку дена, на четири жени им биле наплатени 38 евра казна за носење буркини на плажа во Кан.