Комбинацијата од ниските приходи, депресивната околина и сиромаштијата прави Волверхемптон да биде најнепросперитетниот град во Велика Британија. Покрај Волверхемптон, и Блекпул, Ливерпул и лондонските реони Брент, Кројдон и Бексли исто така се на дното на листата на просперитетни региони, помеѓу десетте најлоши.
Табелите за просперитет биле изготвени од институтот Легатум, при што се искомбинирани податоците за богатството на областа со резултатите од оценките за нивото на среќа на жителите спроведени од канцеларијата за национална статистика. Во извештајот стои: „Жителите на Волверхемптон имаат приход од само 18.000 фунти годишно и се најсиромашните жители во Велика Британија.“
На спротивната страна се најдоа супер богатите лондонски области Кенсингтон и Челси, Вестминстер и Вандсворт, а веднаш зад нив се шкотските острови и руралните области на Северна Ирска. Шон Хенсен од Легатум вели: „Се работи за нешто повеќе од богатството – се работи за чувството дека животот вреди нешто. Некои од најпросперитетните области се тие кадешто, без разлика на приходот, луѓето имаат можност да водат здрав, исполнет и просперитетен живот.“
Роџер Лоренс, лидерот на советот на Волверхептон го бранеше својот град:
„Иако може да се каже дека за време на рецесијата Волверхемптон помина многу лошо…нештата се движат во правилна насока. Неодамна Волверхемптон беше вброен во врвните десет најбрзо развивачки области во Велика Британија.“
Топ 10 најнепросперитетни области:
1. Волверхемптон
2. Сендвел
3. Блекпул
4. Ливерпул
5. Источен Дербишир
6. Гвент
7. Брент
8. Кројдон
9. Бексли и Гринич
10. Голем МанчестерТоп 10 најпросперитентни области
1. Кенсингтон, Челси и Хамерсмит
2. Вестминстер
3. Вандсворт
4. Камден и градот Лондон
5. Надворешни Хебриди
6. Оркниски Острови
7. Западот и југот на Северна Ирска
8. Беркшир
9. Абердин и Абердиншир
10. Шетландски Острови