Волкот и лисицата го фатиле зајакот. Тој почнал да ги моли:
– Не ме јадете!!! Имам семејство, деца итн.
Лисицата го прекинала:
– Замолчи бре! Нема да те јадеме, сега сме се собрале за пиење, ти ќе се вклучиш ли?
– Уф!!! Да, се разбира!
– Тогаш еве ти пари, земај ја торбата и трчај во продавницата да купиш пиво!
Зајакот отишол кон продавницата, а волкот и рекол на лисицата:
– Леле Лисо, ти навистина си била многу итра… Да го испратиш мезето да ни донесе пиење!