Улиците растргнати од војната во Ирак се последното место каде што би очекувале некој да пронајде пријател, а особено не како војник. Но, кога Кен Вирш го запознал Оли, тие двајца станале неразделни. Оли не бил конвенционален пријател за војник.
Сепак, бидејќи немал дом, Оли се поканил самиот во базата каде што спиеле војниците и удобно одмарал на нивните кревети додека ги јадел остатоците од храна. И покрај добрината која ја изразиле кон Оли сите војници, кучето-скитник најмногу се приврзало со Кен, кој станал неговиот „газда“ додека биле во Ирак. Всушност Оли го следел Кен каде и да одел.
Оваа уникатна врска му помогнала на Кен да го зголеми моралот за време на некои многу тешки и осамени моменти додека служел во Ирак. „Тој беше таму кога се упатувавме кон мисии. Тој беше таму кога се враќавме од мисија.“, изјавил војникот. Сепак, Кен сакал многу да се приврзе за кучето бидејќи бил свесен дека еден ден ќе треба да си замине од Ирак.
Набрзо Кен требал да се врати во Калифорнија. Целата воена база се затворала, што значело дека Оли повторно ќе биде бездомник. Убеден дека Оли нема да преживее на улиците во Ирак, Кен одлучил да преземе драстични мерки за да го продолжи нивното пријателство, далеку од војната. Тој го контактирал меѓународното здружение SPCA.
Неколку месеци подоцна Кен добил повик дека го чека „пакет“ на аеродром. И тоа не било каков пакет. Во пакетот бил Оли, неговиот најдобар пријател од Ирак. Со помош на донации Оли и Кен повторно биле заедно и не може да се каже кој од нив двајцата е посреќен.