Ветеран од морнарица лежел мртов на подот во кујната во неговиот дом цели 3 години без никој да го побара.
Телото на Роналд Вејн Вајт било пронајдено во неговиот стан во Далас само затоа што од менаџментот на квартот забележале дека не употребува воопшто вода во последните 3 години. Откако никој не отварал тие повикале полиција и телото на човекот било откриено.
Според полицијата човекот починал во 2016 година на возраст од 51 година и тие не се сомневаат на „валкана игра“. Киријата била редовно плаќана бидејќи тој имал договор автоматски секој месец да се повлекуваат пари од неговата банкарска сметка. Полицијата открила и лекови од таа година во неговиот стан, а тоа била и последната година кога стапил во контакт со мајка му.
Неговата мајка Дорис Стивенс изјавила дека контактирала со синот најмалку два пати месечно пред неговите повици да престанат. Таа исто така велела дека се обидела да пријави дека Роналд е исчезнат, но бидејќи многу патувал поради своето работно место од полицијата ѝ кажале дека не можат да покренат случај.
Освен овој обид на неговата мајка Роналд не го побарале ниту неговите две возрасни деца. Тој се развел од својата сопруга пред околу 20 години. Причината за смрт сѐ уште не е со сигурност утврдена.