Извор затскриен во стрман карпа и растенија лекува слепи, сакати и неплодни. Така тврдат посетителите во едно од чудните и зафрлени катчиња во тракиското светилиште Индипасха во Странџа, соседна Бугарија. За болните луѓе тоа со години е вистински магнет, иако за многумина ова место е непознато бидејќи достапот до него е исклучително тежок. Се наоѓа во близина на селото Граматиково, но човек кој не го познава тој крај може да стаса до изворот единствено со помоп на месен водач.

str

Дури и во летните месеци светилиштето тоне во мрак, поради густата шума и високите камени околу него, покриени со неколку сантиметри мов. Верување кое потекнува уште од древноста тврди дека болните ќе се излекуваат побрзо ако по растенијата околу изворот остават своја облека. Затоа глетката на Индипасха е таква каква што нема да видите никаде на друго место. Има и импровизиран параклис со икони оставени од посетителите, а врз карпите и лијаните висат наврзани чорапи, маици, гаќи.

ip01

„Според верувањето, колку оставената облека била поблизу до болното тело, толку поголема сила ќе има. Затоа повеќето луѓе оставаат долна облека. Долна облека оставаат и жените коишто сакаат да забременат“ раскажува дедо Калојан од Бургас. „Облеката не треба да допира до водата или земјата, туку да виси во воздухот. Така болеста ќе остане таму, во ничиј простор.“

ip01

Со години тој оди на Индипасха да се моли за здравје. На времето неговата жена многу лошо си ја скршила ногата и мислеле дека ќе требаат години и години да зарасне. „Оставив прво едно чорапче на изворот и зедов вода да ја прскам в куќи. Оздраве побрзо од фудбалер!“ раскажува дедодото.

Пред две години неговата сопатница починала. „Малку пред да почине, посака пак да ја качиме на Индипасха“, се присетува тој.

Дедо Калојан раскажува и дека три години по ред на Велигден крај изворот се сретнува со младо семејство и нивниот син кој се лекува од кусогледство. „Ги мијат очите на детето со водата и тоа веќе гледа многу подобро“, убеден е Калојан.

ip02

За Индипасха во Странџа има многу легенди. Според едната тракиските жреци пред 2000 години на тоа место принесувале жртви. Потоа густите шуми го скриле светилиштето и со години никој не знаел каде се наоѓа. Било откриено од слеп бивол, кој прогледал и се вратил кај својот стопан. Кога пак почнал да го губи видот, тргнал кон гората и пак се вратил кај стопанот. Но, стопанот го следел и така ја открил карпата и изворот во кој животното си ја натопило главата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено