Клајв Палмер има еден непотонлив сон: да направи верна копија на Титаник која успешно ќе заплови во 2018 година. Првичниот план на австралискиот бизнисмен бил тоа да се случи во 2012 година, но тоа било одложено. Сега, 106 години после несреќното потонување на огромниот брод, се планира крштевањето на Титаник II, кој ќе го направи своето прво патување од Џиангсу во источна Кина, до Дубаи.
„Се разбира, новиот Титаник ќе има современи процедури за евакуација, сателитски контроли, дигитална навигација и радарски систем и сите тие нешта кои би мижеле да ги очекувате во брод од 21. век.“ нѐ убедува Џемс Мекдоналд, директорот за маркетинг Блу Стар Лајн. На пример, новиот брод ќе има капацитет од 2700 спасувачки чамци за 2435 луѓе, за разлика од капацитетот од 1178 чамци за своите 2223 патници.
Големите скали
Овој дел од бродот бил резервиран за патниците од првата класа
„Кафе́ Паризиен“
Изграден да изгледа како тротоарско кафе́ во Франција, кафе барот „Кафе́ Паризиен“ исто така бил резервиран за патниците од првата класа
Просторијата за пушење, која потсетува на лондонски џентлменски клуб, била место за опуштање на мажите
Базенот
Во оригиналниот брод, базенот бил наполнет со солена вода кога испловил
Маркониевата соба, кадешто најсовремената технологија им овозможуала на патниците да праќаат пораки
Приемната сала во првата класа
Салонот на првата класа
Салонот се протегал преку целата широчина на бродот
Кабините на втората класа
Турска бања, слична на сауна
Мостот
Мензата за третата класа, кадешто патниците јаделе заедно
Менито се менувало на дневна основа
Оригиналниот Титаник
Титаник II