„Вратата кон пеколот“, како што ја нарекуваат, се наоѓа среде пустината Каракум во Туркменистан, во близина на малото село Дервезе.
Се работи за кратер, кој не е обичен кратер. Тоа е многу особен кратер и е полесно да се објасни зошто е толку уникатен кога ќе видите како изгледа.
Обичен кратер, така? Па, не сосема…
Има причина зошто го викаат „врата кон пеколот“.
До 1971 година тоа било пештера, и кога ја откриле, археолозите биле загрижени дека природниот гас би можел да има штетни последици по блиските градови.
Во обид да го спречат ширењето на гасот метан, тие го запалиле.
Пештерата се срушила, формирајќи џиновски огнен кратер.
Дијаметарот на кратерот изнесува 76 метри, додека длабочината е нешто помалку од 30 метри.
Првично се мислило дека гасот ќе изгори за неколку дена или во краен случај, за неколку седмици. Но, тој гори веќе повеќе од 40 години.
Областа околу кратерот е популарна за кампување – доколку с осмелите, се разбира.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.