Кај стотици баратели на азил во Норвешка биле најдени слики со погубувања и отсечени глави во нивните мобилни телефони. Оваа откритие доаѓа во време на зголемен страв дека ИСИС ја користи мигрантската криза за да прошверцува терористи во Европа по нападите во Париз. Полицијата признава дека поради големиот наплив на бегалци кои влегуваат во земјата во текот на летото и последните месеци не успеале да ги направат неопходните темелни проверки, и не проверувале со какво минато се тие кои влегувале во земјата.
Полициската служба за емиграција на Норвешка била присилена да работи прекувремено и под силен притисок поради огромниот број на баратели на азил коишто се надевале да најдат прибежиште во скандинавската земја. Но, откако ги пребарале личните работи и мобилните телефони на мигрантите коишто ја минувале границата, полицијата открила дека кај стотици од нив имало фотографии и видео клипови со егзекуции и брутални казнувања, како и слики со луѓе кои држат отсечени раце и глави. Покрај тоа, имали и слики со мртви деца и други жртви на војна, криминал и тероризам.
Биле најдени и бројни слики со знамиња на ИСИС и симболи кои припаѓаат на други терористички организации, пишува норвешкиот весник Нетависен. Ерик Хаугланд, директорот на норвешката програма за азил истакна дека е можно тие слики да се нашле на телефоните „од невини причини“.
Тој објаснува дека можеби барателите на азил ги понеле тие слики со себе за да покажат сведоштво за војната и ужасите поради кои бегаат од нивната родна земја, или дека тоа би можело да биде тактика да се провлечат неповредени низ териториите контролирани од џихадистите.
Во меѓувреме, манифест на ИСИС објавен на почетокот на овој месец се фали за планови да ја искористи мигрантската криза за да прошверцува џихадисти во Европа. Американските власти оваа недела објавија дека имаат основа за загриженост дека ИСИС можеби набавиле машина за печатење на пасоши во обид да се инфилтрираат на Запад употребувајќи лажни пасоши.
Репортерот Ник Фаџ на МејлОнлајн купил лажен сириски пасош како дел од истрагата за незаконско печатење на сириски лични документи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!