Иако идејата за уживање и слободни активности цело време може да ви се чини привлечна на прв поглед, таквиот животен стил би можел да има катастрофални последици врз општеството и да направи повеќето луѓе да се чувствуваат неостварено.

Напредокот во роботиката на крајот може да создаде свет во кој повеќето од нас нема да мораат да работат, или нема да можат да работат, зависи кој како гледа на нештата. Дури и денес, повеќето работни задачи кои некогаш биле доверени на работници, сега целосно се превземени од високо ефикасни автоматизирани линии благодарение на напредокот во компјутерската технологија и роботиката. Според Моше Варди од универзитетот Рајс во Тексас, вели дека најмногу за 30 години овој тренд ќе се зголеми до точка кога половина од светското население ќе остане без работа. На крајот, вели тој, едноставно ќе немаме друг избор освен да најдеме да правиме нешто друго со нашите животи. „Наближува времето кога машините ќе бидат поуспешни од луѓето во речиси секоја задача“, изјави тој на годишната средба на Американската асоцијација за напредок во науката. „Роботите извршуваат сѐ повеќе и повеќе работи коишто порани ги вршеа луѓето. Производство на лекарства, затворски стражари, шанкери…можеме да механизираме сѐ повеќе и повеќе работни места. Јас верувам дека општеството ќе мора да се соочи со ова пред да ни се струполи врз нас: ако машините се способни да прават речиси сѐ што можат луѓето, тогаш што ќе прават луѓето?“

robot

„Јас не мислам дека тоа е иднина која ветува, бидејќи не наоѓам смисол во безделничењето“, вели проф. Варди. „На мене тоа ми се чини како дистопија. Верувам дека работата е суштествена за човечката благосостојба. Можеби на човештвото му претстои да се соочи со најголемиот предизвик на сите времиња.“

Сподели на Facebook
пати видено