Човек кој е осомничен дека е терорист на Исламската Држава го минал Арктичкиот круг на велосипед за нелегално да влезе во Европа. Вооружените полицајци го уапсиле 25-годишниот Мутар Мутхана Маџид во преноќиште за бегалци во Болиден, североисточна Шведска.

Ирачанецот Маџид бил помеѓу неколку други емигранти кои од Турција, преку Москва, долетале на руското арктичко пристаниште Мурманск, велат од полицијата. Таму купиле велосипеди и возеле 128 километри до норвешката граница, што им овозможило да минат без да бидат проверени. Некои останале во Норвешка, додека други, меѓу кои и Маџид, преку Финска се упатиле во Шведска, известуваат властите во Стокхолм. Маџид, за кој се смета дека е припадник на ИСИС, се верува дека планирал терористички напади во северна Европа, според шведската разузнавачка служба Сапо.

dj

„Апсењето се случи на мирен начин и се планира испрашување на осомничениот. Сега сме во фаза на интензивна истрага и сѐ уште сме заинтересирани за неговите активности и луѓето кои ги сретнал по неговото пристигнување во Шведска.“, изјвуваат од Сапо.

Бегалците од хостелот за бегалци велат дека Маџид таму престојувал неколку недели, своето време го минувал во локалната сауна, или пиел во баровите во блискиот град Скелефтеа. Еден додава:

„Се чини дека навистина уживаше во западниот стил на живот. Немаше ништо муслиманско во неговото однесување.“

dj1

Норвешките власти проценуваат дека од август околу 4000 емигранти ја минале границата со Русија, верувајќи дека ќе им биде побезбедно да се прикрадат во Европа со чамец. Но, властите стравуваат дека на овој начин тие би можеле да умрат, несвесни за температурите под нулата и постојаниот мрак за време на арктичките зими. Руне Рафаелсен, градоначалникот на норвешкиот град Соер-Варангер, изјави: „Наскоро ќе биде 30 степени под нулата и цело време ќе биде темно. Не би сакал да бидам жени и деца да се обидуваат да влезат во Норвешка во вакви услови, бидејќи многу од нив ќе умрат.“

dj3

Сподели на Facebook
пати видено