Можеби не постои такво нешто како бесплатен ручек, но во еден град во Италија посетителите ќе можат да си ги наполнат шишињата со вино без да платат ниту пара за тоа. Локалот Дора Сакезе ја пушти својата нова фонтана, која ќе биде достапна за туристите и патниците кои патуваат по Камино ди Сан Томасо, пат меѓу Рим и Ортона. Фонтаната ќе биде достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата. Фонтаната се наоѓа во Калдари ди Ортона, гратче во регионот Абруцо.
Тоа е заеднички проект на Никола Д`Ауриа, сопственик на винаријата Дора Саркезе и здружението Камино ди Сан Томасо. Наменета е како подарок на Св. Тома, еден од учениците на Исус, чиишто останки се чуваат во катедрала во Ортона. Поради тоа, виното пред сѐ е наменето како освежување за верските поклоници, иако всушност секој би можел да се напие од неа. Но, во своја Фејсбук објава, винаријата предупредува дека фонтаната „не е место за пијаници.“
Градбата била изградена од локалниот архитект Роко Валентини, кој рециклирал материјали за да ја создаде инсталацијата. Регионот Абруцо е познат по своите квалитетни црвени вина.