„Дизни“ каналот го претстави својот прв геј пар во финалето од серијата „Енди Мек“. Последната епизода се емитуваше во Петокот, при што заврши така што главните ликови, 13-годишниот Сајрус Гудман и неговиот колега, средошколецот Ти Џеј, се држеа за рака.

Серијата, која траеше 3 сезони, раскажува и ги следи животите на средношколецот Енди Мек и неговите пријатели и семејството.

Истовремено, телевизиското шоу веќе порано имаше внесено геј лик во сценариото, односно во епизодата емитувана во Октомври, 2017-та година, еден од пријателите на Енди признава за својата с*ксуална ориентација.

Сајрус, чија улога ја толкува 17-годишниот актер Џошуа Раш, им признава на Енди и заедничкиот пријател Бафи, дека е заљубен во друго момче, во момчето на Енди, Џона.

Токму таа епизода предизвика бура реакции и ги наполни медиумите со бројни наслови, бидејќи Сајрус беше првиот Дизни лик кој некогаш признал дека е геј.

Сега финалето повторно уште повеќе го сврте медиумското внимание кон себе, со внесување на уште еден геј лик во сценариото. Односно, Сајрус и неговиот пријател Ти Џеј (улога толкувана од 17-годишниот Лук Мјулен), во последната епизода влегуваат во романтична врска.

Сцената во која е претставен првиот Дизни геј пар е прикажана со држење за рака на самите глумци и иако во серијата, тие директно сè уште не зборувале за нивната љубов, режисерот на сценариото, според мислењето на гледачите, беше сосема јасен.

Сподели на Facebook
пати видено