На гробиште во Полска старо четиристотоини години е најдено сведоштво за „антидемонски“ погребни ритуали при коишто на грлото на починатите се ставале српови, веројатно за да ги одвраќаат демоните.
Истражувачите испитале повеќе од 250 човечки скелети коишто биле ископани од 2008 година наваму, во постсредновековните гробишта во Дравско, рурална населба во северозападна Полска.
Датирани во 17-от и 18-от век, останките припаѓаат на поединци од сите возрасти и од двата пола, и вклучуваат пет уникатни закопи со српови.
„Кај четири од овие гробови, срповите биле ставени на телата на починатиот со острицата цврсто залепена за грлото, додека кај петтиот српот бил ставен кај карлицата“, пишуваат Марек Полцин од Универзитетот Лејкхед во Канада и Елизабета Гајда од Чарнковскиот музеј. Костурите со српови на грлото припаѓале возрасен маж кој умрел на возраст од 35-44 години, две возрасни жени коишто умреле на возраст од 30-39 години, и девојка која умрела на возраст од 14-19 години. Бил најден и костур на возрасна жена која урела на возраст од 50-60 години, кај којашто бил ставен голем закривен срп кај нејзините колкови. Директно врз нејзиното грло бил ставен камен, а во нејзината беззаба уста била ставена монета.
Порано се мислело дека овие луѓе биле закопани како „вампири“. Од таа гледна точка, српот ставен кај грлото бил ставен таму со намера да ја отсече главата доколку вампирот се обиде да стане од гробот. Но, Полцин и Гајда сметаат дека овие погреби попрво би требало да се сметаат за „анти-демонски“. Тие забележале дека погребите со срп немаат ниедна од обележјата на таканаречените антивампирски обичаи. Тие биле положени во свето земјиште следејќи конвенционални христијански начини на закопување, со положена во правец на запад, а нивните гробови не изгледаат како да биле осквернавени.
„Задржувањето на починатиот во гробот со помош на срп можеби било мерка да се спречи демонизираната душа да им се заканува на живите, или можеби е библиски симболизам во обид да се спречи душата да се демонизира“, пишуваат Полцин и Гајда.
Вампирите не биле единствените митски суштества од коишто се плашеле во Полска во седумнеаесеттиот век. Како што војните, гладот, чумата и сиромаштијата ја пустошеле земјата, паганските словенски верувања воскреснале.
„Подемот на Контрареформацијата била значителна пресвртна точка, бидејќи донела културен и интелектуален регрес, религиски фанатизам и растечка клима на терор, наремно поттикнувана од католичкиот клер кој ширел страв од ѓаволот и вештерството“, пишуваат истражувачите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.