Во оваа електронска ера лесно е да се платат производите со еден клик и допир, но компанијата Alipay, која е задолжена за плаќањата кои се извршуваат на трговскиот онлајн гигант Alibaba, измисли нов платен систем кој користи технологија за препознавање на лица за плаќање на услугите.
Доколку посетите некој од KFC’s KPRO рестораните во Ханчжоу, Кина можете да го платите појадокот со насмевка на киоск опремен со специјална камера, а потоа треба само да го потврдите купувањето преку мобилниот телефон.
Системот „Насмевни се за да платиш“ (Smile to Pay) е наводно отпорен на измама со фотографии и други трикови. Тој се потпира на двата фотоапарати со сензори за длабочина и на „алгоритам за откривање сличност“. Наводно, технологијата е доволно добра за да може точно да ги идентификува луѓето дури и кога се маскирани со шминка или перики. Тое е се со цел луѓето да не бидат загрижени дека некој друг кој личи на нив ќе може да си купи ручек со нивните средства.
Нема да биде изненадување доколку ваквиот систем се прошири низ цела Кина, но не се очекува истото за останатите држави, затоа што тие имаат построги правила кога станува збор за биометриските податоци и многу земји го сметаат овој потег како нарушување на приватноста. Не сите се чувствуваат сигурни да ги предадат податоците за лицето на трговскиот гигант, иако од Alipay тврдат дека податоците се целосно безбедни. Сепак, ова може да претставува иднина на брза исплата (или општа опција) во некои делови на светот.