Кога би се нашле во можност „да си се послужите со пари за ништо“, што би направиле?

Токму тоа решиле да го откријат луѓето од Арк Проект и за таа цел спровеле социјален експеримент во кој залепиле купче банкноти на табла со зборовите „Земи колку што ти треба, дај колку што можеш“. Видео снимката која следува го прикажува одговорот на заедницата – и тој е навистина трогателен!

Money

Таблата била поставена во прометната Мишн Бич во Сан Диего, Калифорнија. Како што и можело да се очекува, таблата покриена со пари привлекла многу внимание. Некои луѓе запирале за да ја фотографираат, а некои и си се послужиле од неа.

Експериментот започнал со дваесет долари на таблата, а за четириесет и пет минути износот се зголемил двојно.

Еден човек, восхитен од експериментот го кажал следново:

Гледањето на сите тие пари наоколу прави да ви се придвижи мозокот. Ве тера да размислите колку има луѓе коишто го прават вистинското нешто. Кога би бил богат, јас таму би ставил сто долари. Има стотици луѓе кои имаат поголема нужда од мене. Сѐ додека ме служи умот и имам обезбедено оброк за утре, не ми треба друго. Алчноста ја уништува љубовта, уништува бракови, врски, уништува сѐ. Довербата и пријателството се поскапоцени од злато.

Експериментите како овој ја враќаат вербата во човештвото.

Сподели на Facebook
пати видено