Делфините се неверојатно интелегентни суштества. Овие цицачи кои скитаат по океаните можат да се сметаат како луѓето на морските длабочини, па така е сосема логично тоа што група делфини се здружиле со рибари во бразислкиот град Лагуна за да си обезбедат добар улов.
Група од 20 делфини во областа избрале да работат заедно со луѓето
Додека другите делфини ловат сами, овие ја претпочитаат симбиотичката врска
Научниците веруваат дека ова однесување на групата делфини веројатно се пренесува од поколение на поколение, слично како што и рибарите ги учат своите деца да соработуваат со делфините.
Мажите и жените од Лагуна го препознаваат секој делфин поединечно по неговите карактеристични белези.
Делфините употребуваат специјални сигнали во вид на јазик со кој ги известуваат рибарите каде да ги фрлат нивните мрежи.
Без помошта на делфините би било речиси невозможно да рибарат успешно во таа област, бидејќи водата е матна и би требало да ги фрлаат мрежите на среќа.
Оваа неверојатна соработка трае повеќе од 120 години.
Ваквиот вид на соработка помеѓу луѓе и животни при која подеднакво се споделува пленот е ретка појава.
Но во овој случај и двете страни добиваат.
Рибарите не мораат да го делат пленот уловен во мрежите, бидејќи рибите кои бегаат од мрежите завршуваат директно во устите на делфините.
Погледенете го следното видео на која се гледа неверојатната врска помеѓу делфините и луѓето.