Бијонси еднаш ни кажа дека девојките управуваат со светот, но во повеќето земји половите разлики најчесто се во полза на мажите. Но, тоа не е така во десет култури кадешто жените се доминантниот пол одговорен за наследство на земјата и раководење со семејствата.
Народот Еде во Виетнам
Во западниот свет жените добиле право на сопственост дури во првата половина на деветнаесеттиот век, и тоа дури откако ќе се омажат. За жените од народот Еде во Виетнам, сопственоста е норма и се пренесува преку семејствата со кои управуваат жени. Мажите раководат со големите куќи во кои се вдомени и до четири генерации, но жените се тие кои ги бираат сопрузите и мажот го добива презимето на жената, а не обратно.
Народот Мосуо од Кина
Во „Царството на Жените“, во близина на езерото Лугу, народот Мосуо на двата пола им дозволува практикување на тисесе, или „подвижен брак“. Жените можат да поканат мажи по свој избор во приватните спални кои им се доделуваат на нивниот тринаесетти роденден и ако ја добијат согласноста од родителите, да ја минат ноќта заедно. Мажите и жените можат да имаат и повеќе партнери во една ноќ, но машките партнери наутро мораат да си заминат во живеалиштата на нивните мајки.
Американското индијанско племе Хопи
Народот Хопитух Ши-ну-му или „Мирољубивите луѓе“ од Аризона се организира во матријархални кланови на чиешто чело стојат сопругите. Кога жена од племето ќе се породи, жените од кланот на таткото до дваесеттиот ден на детето му носат по едно име и по еден подарок. Потоа детето се носи да живее со семејството на мајката. И покрај овој општествен систем, Хопи жените традиционално се грижат за домашните задачи, а мажите доминираат во доменот на политиката и земјоделството.
Народот Чамбри од Папуа Нова Гвинеја
Иако општеството на овој народ не е матријархално, сепак и двата пола се подеднакво застапени. Во 1930 година, антропологот Маргарет Мид детално опишала како жените од Папуа Нова Гвинеја биле доминантните снабдувачи во семејствата, и нејзината книга станала значајна за движењето за права на жените на Западот. Чамбри жените ловат риба за нивните семејства и патуваат за да тргуваат со вишокот намирници во замена за други ресурси.
Народот Минангкабау од Западна Суматра, Индонезија
Кај Минангкабау, народ од четири милиони од Западна Суматра, Индонезија, главатарите се секогаш мажи, но жените го поседуваат сиот имот и имаат право да ги бираат водачите. Исто како и кај Мусуо културата, на жените им се доделуваат приватни простории во кои доаѓаат нивните сопрузи, за потоа наутро да мораат да ги напуштат. Во ова општество, и покрај тоа што жените главно се грижат за домашните работи, а мажите за политичката моќ, и двата пола се третираат еднакво.
Народот Акан од Гана
Народот Акан својот општествен идентитет го добиваат преку кланови организирани на матријархален принцип. Секоја од помљлите општествени единици, т.н. абуси, се основани од жени и управувани од мажи. Преку нив се контролира нивната сопственост, се уредуваат браковите на членовите и се решаваат споровите кои можат да избувнат.
Народот Брибри од Костарика
Гласачкото мнозинство во областа Порто Виехо де Таламанка во Порторико исто така се организира во матријархални кланови. Кланската припадност на децата се определува според нивните мајки и имотот се пренесува од колено на колено преку жените. Исто така, само на жените Брибри им е дозволено да го приготвуваат светиот какао пијалок, бидејќи овој народ верува дека дрвото какао порано било жена. Пијалокот се употребува во специјални ритуали, како што е ритуалот кој се спроведува по првата менструација на девојката.
Народот Гаро во Индија и Бангладеш
И кај народот Гаро имотот се пренесува по мајчина линија, со тоа што од својата мајка земјата ја наследува најмладата ќерка. Момчињата се праќаат да живеат во ергенски бараки пред да влезат во пубертет и пред да се договори брак помеѓу најмладата ќерка и момче кое ги задоволува стандардите на кланот. Ќерките кои нема веднаш да се омажат мораат да го уловат нивниот младоженец, кој според традицијата се дава во бегство. За разлика од други матријархални традиции, двојките од народот Гора штом ќе се венчаат, живеаат заедно.
Народот Наговиси од Нова Гвинеја
Жените Наговиси веруваат дека градинарството и сексуалната интимност се со подеднаква важност. Поради тоа, мажите коишто ќе бидат видени како им помагаат на жени во одржувањето на нивните градини се сметаат за оженети. Земјишниот посед им припаѓа на жените и се пренесува од мајка на ќерка.
Народот Каси од Индија
Народот Каси од Индија брои приближно еден милион членови и сѐ уште живее во матријархат, при што имотото и семејното презиме се наследува по женска линија. Според тоа, мажите се сметани за послабиот пол и сопрузите по бракот мораат да се преселат кај свекрвите и да се грижат за домаќинството. Во последно време мажите водат кампањи за еднаквост на половите, ироничен пресврт во споредба со западните земји.