Новооткриената медуза која личи како да излегла од научно-фантастичен филм на Џејмс Камерон, е прекрасен, но и мистериозен. Медузата била снимена 3-4 километри под површината на морето во Маријанскиот ров, со помош на специјално возило на далечинско управување, наречено „Длабински истражувач“.
Иако малку се знае за овој енигматичен жител на морските длабочини, истражувачите веруваат дека веројатно се работи за предатор кој лови од заседа, чекајќи со испружените краци да мине невнимателната жртва. Погледнете како изгледа ова впечатливо суштество од морските длабочини.