Си ги удираат главите од ѕидот во очај, и безнадежно ѕиркаат низ решетките на нивните кафези на коишто сосема заборавиле – ова е најтажната зоолошка градина во светот. Најужасниот зоо парк на светот исто така е и најмалиот. Само три лава, две мечки и две морски прасиња ги живеат нивните здодевни денови полни со глад и очај во нивните тесни кафези, покажувајќи ги сите знаци на суштества кои полуделе како последица на нивната неприродна состојба.
Тие се жртви на каприц на еден милијардер од Ерменија, кој ги купил за забава и да го задоволи своето его парадирајќи пред неговите пријатели за време на забавите „а ла џунгла“. Зоолошката градина се наоѓа во ерменскиот град Ѓумри – место од кое потекнува американското риалити семејство со ерменскко потекло – Кардашијанови – но поминале цели две години откако некој ја посетил.
За изгладнетите и споулавени од очај животни се грижи само една брачна двојка во постари години, кои сосема случајно налетале на „зоолошката градина“. Градските власти одбиваат да преземат било каква одговорност за нив, а не се знае каде се наоѓа нивниот поранешен сопственик. Грижата за животните им била препуштена само на пензионерите Ховхамнес и Алвина Мадојан. Ховхамнес вели:
„Ја изгубив мојата работа. Немав ништо, мојата жена и јас шетавме покрај напуштената зоолошка кога ги слушнавме тие ужасни крици на измачените животни. Кога се приближивме да видиме, на лавицата и нејзините младенчиња буквално им се пенеше од устата од жед. Мојата жена и јас не можеме да поднесеме да гледаме Божји созданија во таква болка. Донесовме вода и малку месо од локалниот касап. И се снаоѓаме, ги храниме со што ќе најдеме. Исто е и со мечките. Се преселивме во стара барака во близина на кафезот на лавовите, за да да бидеме во нивна близина. Тие се тажни и осамени и понекогаш трчкаат во нивните кафези, покажувајќи знаци дека се полудени од здодевност и неактивност. Не можеме да натераме никој да им помогне. Претходниот сопственик заглавил во некаква расправија со локални мафијаши, владата не сака да се меша, и на крај животните се тие коишто страдаат.
Неговата жена Алвина продолжува: „Станувам секое утро и одам во шумата за да најдам храна за мечките, но никогаш не е доволно. Ако имам среќа, некои луѓе ќе подарат малку овес и житарки, и од нив им правам еден вид каша. Тие се длабоко несреќни, и со часови одат наваму-натаму, бидејќи полека полуделе во овој затвор. Минатата недела имавме среќа на лавовите да им обезбедиме тело на мртво магаренце. Немаат можност често да видат ваква гозба.“
Одвреме-навреме ќе намине ветеринар да ги види животните однадвор. Но никој нема пари да плати за соодветен преглед.