Семејство од северот на Кина случајно разоткрило трговец со луѓе откако од него купиле труп на млада девојка за 30 000 јуани (околу 4100 евра) за да ја погребаат крај својот син како „невеста на неговиот дух“. Имено, традицијата во Кина дозволува родителите да ги венчаат своите деца и по смртта, така што кога ќе ги закопаат телата заедно, тоа претставува „чин на склопување брак“. Семејството го примила телото на жеата идентификувана како Жао Меи. Ја облекле пред погребот, а потоа го ставиле телото во ковчег и го затвориле со шајки.

kina

Но, семејството се шокирало кога слушнало тропање кое доаѓало од ковчегот. Преплашени, го отвориле сандакот и внатре ја нашле жртвата на суровиот и бескрупулозен „бизнис“ на трговците со луѓе – глувонема и ментално заостаната девојка која сѐ уште била жива. Инцидентот го пријавиле в полиција и ја одвеле Жао во болница. Полицијата подоцна успеала да открие и уапси шестмина луѓе кои биле инволвирани во синџирот на трговија со луѓе и кои ја дрогирале девојката за да ја продадат како труп.

Ова злосторничко здружение продавало жени за проституција и за невести. Еден од нив признал дека ја дрогирале Жао со силни лекарства пред да ја достават на ова семејство. Полицијата известува дека спасиле уште пет девојки од криумчарите. Злосторниците ги очекува судење за обид за убиство.

kn01

Ова не е прв и единствен ваков случај. Во август годинава беше откриен случај на убиство на две ментално заостанати девојки кои биле убиени и продадени како „невести на духот“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено