Додека милиони Кинези брзаат кон својот дом за да се сретнат со своите семејства за новата Кинеска Година, 24-годишната Лоло одговара на молбите на десетици очајни мажи. Во нова мобилна апликација тие си бараат вереница под наем, која би можеле да ја претстават пред своите родители. Кога ќе го пречекорат прагот на домашното огниште во петок, невдомените Кинези ќе бидат подложени на бескрајни лекции колку е важен бракот и како родот треба да се продолжи. Поради тоа, многу момчиња и девојки си бараат лажни парнтери кои би ги запознале со родителите и на тој начин би си донеле мир за големиот кинески празник.

kn

Со масовното навлегување на мобилните технологии, сега тоа може да се оствари само со неколку кликања на смартфонот.

„На нашата платформа имаме над 1000 корисници кои успешно си најдоа вереници за претстојните новогодишни празници“, се флаи Ксиао Тјантјан. На корисниците на апликацијата Hire Me Plz се предлагаат услуги од 1 јуан (0,15 долари) до 2000 јуани а час. Од 2015 година наваму нивниот број достигна до 700 000. Други, како убавата Лоло од југозападната провинција Сичуан ја креваат цената уште повисоко, при што за Кинеската нова година бараат од 3 до 10 илјади јуани на ден. Лоло прима понуди единствено од Сичуан. Таа нема време за губење за патувања, бидејќи агендата ѝ е целосно зафатена во текот на следните 7 дена.

Освен оваа апликација, во Кина функционираат уште пет други такви. Тие остваруваат профит преку земање процент од тарифите за наим како и од таксата за зачленување во сајтот.

Сподели на Facebook
пати видено