Лулу Хашимото е модел и интернет славна личност од Јапонија, која ја нарекуваат „човечка кукла“. И не ги обвинуваме за тоа, на фотографиите не може да се примети дека не станува збор за порцеланска кукла.

Сепак, таа не е робот, туку човек, но никој не ѝ го видел вистинското лице на девојката.

Лулу е необичен модел кој е облечен во специјален костим, кој се состои од тело на кукла, маска, перика и симпатична облека. За време на интервјуто, таа дури и му ги шепнува одговорите на увото на водителот, бидејќи, нели, куклите обично не зборуваат.

Дизајнерката Хитоми Комаки, продуцент ма Лулу и креаторот на нејзиниот костим вели дека „живата кукла“ е резултат на работа заедно со креативниот тим на Нукопан. Тие прават маски-глави, за кукли кои на дизајнерката многу ѝ се допаднале, и таа ги поканила да работат заедно на „кукла модел“. Експериментот бил толку успешен што Лулу стана интернет славна личност.

Има само еден костим за Лулу, кој го носеле неколку луѓе, дизајнери, танчери, модели, но идентитетот на девојката која моментално и најчесто го носи костимот не се открива, за да не привлече премногу внимание. Но, сепак костимот привлекува доволно внимание и кога ќе се појави на јавно место луѓето бараат да се фотографираат со Лулу.

Иако Лулу се разликува од обичната девојка, таа има обични човечки интереси и карактер. Таа е сонлива и малку меланхолична, таа секогаш сакала да стане модел, но таа, исто така, сака да чита книги и да биде балерина.

Како и секоја девојка, Лулу ја менува облеката, бојата на коса и фризурите, но таа исто така може да ја промени нејзината висина. И тоа не е на сметка на високи потпетици – нејзиниот раст зависи од големината на главата на куклата.

Лулу е исто така еден од полуфиналистите на јапонскиот натпревар Мис iD. Како што велат организаторите, тоа е за оние девојки кои заслужуваат да бидат видени во нова ера. Не само луѓе учествуваат во натпреварот, туку и ликови создадени со помош на вештачка интелигенција и 3D графика. Се согласуваме, Лулу совршено се вклопува во концептот на таков футуристички натпревар.

Сега не е изненадување што виртуелните модели стануваат лица на козметички брендови, но „живата кукла“ сѐ уште е прва од ваков вид.

Сподели на Facebook
пати видено