Асошиејтед Прес извести дека сателитксите снимки до кои дошле го потврдуваат тоа од што црковните лидери, историчарите и конзерваторите од Блискиот Исток најмногу се плашеа – најстариот христијански манастир во Ирак е сведен на куп рушевини. Манастирот посветен на Св. Илија се придружува на растечката листа од повеќе од сто религиозни и историски локалитети кои биле ограбени и уништени од исламистичките екстремисти на ИСИС, вклучувајќи џамии, гробници, древни светилишта и црвки. Древните споменици во Нинива, Палмира, Хатра и низ целиот регион се во рушевини. Музеите и библиотеките ограбени, книгите изгорени, а уметничките дела уништени – или продадени.

crkva01

Манастирот Св. Илија 1400 години беше место за богослужба. Во претходниот милениум во него живееле генерации на монаси. На неговиот влез биле издлабени грчките букви Х (хи) и Р (ро), првите две букви од името на Христос. Католичкиот свештеник Павле ТАбит Хабиб гледал со неверување во сликите пред-и-потоа коишто биле набавени од Асошиејтед Прес, коментирајќи дека „Нашата христијанска историја во Мосул е варварски срамнета со земја“, вели то ја на арапски. „Овде гледаме обид да нѐ избркаат од Ирак, елиминирајќи го нашето постоење од оваа земја“.

crkva02

Изграден во 590. година, манастирот има долга историја. Првата трагедија во манастирот се случила во 1743 година, кога 150 монаси одбиле да го примат исламот и биле масакрирани. Во 2003 манастирот повторно бил затворен – овојпат откако тенк срушил еден од неговите ѕидови за време на Ирачката војна. Ирачките трупи веќе истурале ѓубре во цистерната на манастирот. Тогаш навлегла американската 101. воздушна дивизија, и војниците почнале да чкртаат по ѕидовите на црковниот објект, цртајќи го т.н. „Врескачки орел“, нивниот заштитен амблем.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено