За само неколку десетлетија, повеќето луѓе во развиените земји ќе престанат да имаат секс како начин за рамножување, предвидува врвен академик. Професорот Хенри Грили верува дека за дваесеттина години, повеќето деца ќе се зачнуваат во лабораторија наместо преку сексуален чин. Тој дури смета дека природниот процес на зачнување ќе почне да биде стигматизирани и осудуван. Оваа промена ќе го одбележи еволутивниот прекин со другите човечки суштества низ историјата, и воопшто со сите други животни.
Проф. Грили, од Стенфордскиот универзитет, ја постави својата теорија во неговата книга „Крајот на сексот и иднината на човечкото размножување“.
„За дваесет до четириесет години, кога една двојка ќе посака да има бебе, тој ќе ја обезбди спермата, а таа ќе обезбеди примерок од нејзината кожа“, тврди Грили. Примерокот од женската кожа ќе биде употребен за создавање на матични клетки, кои потоа ќе бидат употребени за создавање јајце клетки. Овие јајце клетки потоа ќе бидат оплодувани со сперматозоиди, што ќе резултира со повеќе ембриони. Ембрионите потоа ќе бидат проучувани, при што ќе се бараат траги на некаква можна идна болест.
„На идните родители ќе им биде кажано – овие пет имаат навистина сериозни болести. Не би ги сакале нив. Што се однесува до другите деведесет и пет, на сите ќе им бидат доделени плусови и минуси“, вели професорот. Кога ќе бидат споредени сите предности и неповолности кај поздравите ембриони, родителите ќе можат да изберат еден кој ќе биде ваден во жената и ќе го роди како нејзино дете.
„Ембрионите на идните родители ќе бидат групирани по категории“, вели проф. Грили. „Една од категориите ќе биде `тешки, нелечиви болести`. Во неа ќе се паднат околу еден до два отсто од ембрионите. Друга категорија ќе бидат другите, полесни болести. Третата ќе биде во врска со изгледот: бојата на косата, очите, обликот, дали косата ќе белее порано. Сѐ уште не знаеме многу за ова, но ќе дознаеме. Четвртата категорија ќе биде однесувањето. Мислам дека овде информацијата ќе биде ограничена. Нема да можеме да кажеме, `Ова дете се наоѓа во врвните проценти по интелегенција`. Веројатно ќе можеме да кажеме – ова дете има шеесет отсто изгледи да биде меѓу најдобрите.“
Покрај ова, Грили смета дека постепеното намалување на наследните болести ќе значи процес кој ќе биде сѐ поефективен во однос на потребните трошоци. Тој смета дека процесот ќе стане норма до таа мера што жените кои ќе затруднат по природен пат ќе бидат сметани за неодговорни личности.