Денес имаме многу уреди и сите тие треба да се полнат. Иако сега има безжиќни полначи, повторно постои потреба да бидат вклучени во штекер. Во многу случаи, процесот на полнење воопшто не еволуираше во изминатава деценија или повеќе.
Но, сега, истражувачите од Универзитетот во Бафало и Кинеската академија на науките (CAS) можеби го развиле следниот чекор во оваа еволуција, оној со кој веќе не би требало да се приклучува ништо во штекер. Сè што е потребно, според нивното истражување неодамна објавено во списанието Nano Energy, е специјална метална плочка и малку движење на дел од телото.
Тајната е ефект наречен трибоелектрично полнење и тоа е нешто што повеќето луѓе всушност го виделе или почувствувале. Трибоелектричното полнење се случува кога материјалот станува електрично наполнет по доаѓањето во фрикционен контакт со друг материјал. Да тоа е точно. Најчесто статичкиот електрицитет се случува на овој начин, како кога случајно ќе допрете некоја личност и добивате мал „електричен удар“ од него.
На плочката има два тенкри слоеви на злато а помеѓу нив има плочка од полидиметилсилоксан, кој обично се користи во контактните леќи. Еден слој злато се растега и се пушта, со што почнува да се гужва. По повторно нанесување на сила, движењето помеѓу слоевите на злато и полимерот се создава триење.
„Ова предизвикува електрони да течат напред и назад помеѓу златните слоеви. Колку повеќе триење, толку е поголема количината на моќност“, изјави водачот Јун Ксу, професор на Институтот за полупроводници во CAS, во соопштението за печатот. Ова триење може да дојде од најмало движење на прстот, објаснуваат истражувачите.
Како демонстрација на нивната студија, истражувачите користеле метална плочка која е долг само 1,5 см и широка 1 см. Малите картички генерираа 124 волти, со максимална струја и густина што беше доволно за да се осветлат 48 црвени LED светла во исто време. Иако технологијата сè уште не е сосема оформена, истражувачите се надеваат дека нивниот материјал наскоро би можел да ги полни паметните телефони и други паметни уреди користејќи само движење.