Во некои градови во Хрватска во последно време буквално процветала студентската проституција. Таа недозволена активност тешко се докажува, и точниот број на вакви случаи тешко се докажува бидејќи во полициско-правосудната статистика не постои категорија „студентска проституција“. Студентките во „бизнисот“ влегуваат најчесто сами, без макроа за со нив да не делат половина од заработката. Нивниот главен мотив е немаштината, борбата за гол живот и наоѓањето пари за храна, стан и студирање. Ова може да се заклучи од фактот дека според податоците на располагање, голем број од нив се всушност студентки за пример кога станува збор за нивниот студентски успех.

pr

„На колегите во клупите најчесто ни на крај памет не би им паднало дека тие девојки водат паралелен живот“, вели една од нив. Ноќе своите услуги најчесто ги нудат на бизнисмени во луксузни хотели, елитни клубови, јахти, затворени забави, изнајмени станови, но и во студентските домови. Клиентите ги наоѓаат по препорака, интернет и во различни огласи.

„Маја, 21-годишна студентка од Загреб, згодна и жестока во кревет бара господин за пријатно и жешко дружење, јави се на 091-ХХХ-ХХХ“ – така гласи само еден од бројните интернет огласи придружен со разголена фотографија. Маја вели дека има сопствен стан и дека за услугите наплаќа до 1000 куни (133 евра). За една ноќ со неа, од 23 часот до 10 наутро клиентот треба да издвои до 700 евра. За полицијата да не им влезе во трага, огласот останува активен само неколку часови, најдолго до еден ден, а потоа се поставува нов, со ново име.

Една 35-годишна проститутка од Истра, некогашна студентка, споделува дека веќе во првата година на студиите буквално се продала за една маица, по што се нашла во вртлогот на проституцијата. Вели дека почнала да се проституира бидејќи ѝ требале пари за да ги плати студиите. Потоа видела дека живее поудобно и набрго целосно се посветила на таа „професија“ од чисто користољубие. Денес вели дека за сѐ е виновно нејзиното ограничено и неизжиеано детство во конзервативната средина.

„На студии дојдов млада и наивна. Одедна се најдав сама, далеку од сите, од родителските стеги. Веднаш видов што работат пријателките и со што се занимаваат за да си го подобрат студентскиот стандард. Сфатив дека и јас би можела да го имам сето она што порано не можев да го имам бидејќи не смеев поради околината, а и поради самата себе. Под светлата на големиот град можев да го допрам и дното и небото. Ги допрев и двете. небото го допрев кога се заљубив во момче срамежливо како и јас, кој набргу со својата бруталност буквално ме турна на дното. Од инает и заради одмазда кон момчето, сакав да истражам дали сите мажи се исти.

Прв ми се понуди сопственикот на омилениот бутик, врсник на тато. Што да ви кажам, тој бесрамен, а јас попустлива и завршив во неговиот кревет. Назад веќе не можев. Тоа беше мојот прв секс, наплатен со една зелена маица“, раскажува некогашнта студентка по агрономија, дење успешна студентка, а навечер продавачка на љубов.

Покрај пари, облека од познати марки и што не, таа открива дека клиентите често ѝ нуделе и „бело“, т.е. дрога.

Сподели на Facebook
пати видено